Scientix, заедно со Amgen Teach и STEM Alliance, спроведува меѓународно истражување за наставните практики и употребата на образовните технологии за време на Ковид-19. Резултатите од истражувањето, кое се однесува на наставниците во основно и средно образование (ученици на возраст од 3 до 19 години) ќе бидат бидат публикувани во Scientix Observatory.
Студијата има за цел да собере информации за образовните технологии кои наставниците ги користеле во наставата по избувнувањето на пандемијата КОВИД-19, проблемите со кои се соочиле, решението што го применуваат и препораките што можеби ќе сакаат да ги споделат. Одговорите на оваа анкета ќе помогнат во планирањето на идните активности за подобра поддршка на наставниците. Анкетата за учество во истражувањето може да ја најдете на следниот линк: www.scientix.eu/covid19-survey