Вовед
Денес паметната технологија е најдобар пријател на учениците. Тие растат во свет опкружен со технологија и училиштата треба да најдат начин како тоа да го искористат во наставата. Наместо да се забрани употребата на телефони во училиштата, нудиме начин како да се интегрира во училницата и акко да се направи најдобар пријател на наставникот.
Учесници
Секој наставник кој е заинтересиран за употреба на мобилни телефони во наставата. Не се потребни никакви посебни предзнаења или вештини.
Детали за обуката
- Обуката има за цел развој на вештини кај наставниците за користење на паметни технологии во наставата
- Практична работа со презентирани алатките во текот на обуката
- Презентација на апликации согласно предметот кој го предаваат учесниците
- Различни алатки за формативно оценување како kahoot, socrative…
- Вовед во светот на 3D технологија
- Учење базирано на игра преку QR кодови
- Користење онлајн медиуми и интерактивни презентации со sli.do.
- Дискусија и рефлексија на алатките кои може да се користат во наставата
- Запознавање со алатки и веб сајтови кои може да се користат за понатамошен професионален развој