На 6 и 7 мај ДИГ-Ед беше домаќин на вториот транснационален проектен состанок од Еразмус проектот “Upgrade With Learner Centered Approach” во кој ДИГ-ЕД е партнер.
За време на состанокот се разгледуваа досегашните активности: изготвувањето на компетенциите за наставници и формуларот за самооценување на наставниците. Потоа се разгледаа и разните идеи за креирање на веб сајтот на проектот. Исто така се презентираа и логоата кои ги изработија учениците за проектот. Учениците од 7 и 8 одделение од ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино кои се вториот партнер од нашата земја снимија видео со поздрав до учесниците на состанокот.
Исто така учесниците на состанокот снимија видео до учениците.