Втор транснационален состанок во рамките на NELCA проектот

Вториот транснационален состанок во рамки на Erasmus+ проектот “Creating the Network of Excellent ULCA Schools” се одржа на 15.07.2024 и 16.07.2024 во Вилниус, Литванија. Маја Виденовиќ и Владимир Трајковиќ, како претставници на Диг-Ед учествуваа на овој настан, каде беа анализирани активностите и резултатите во рамки на овој проект досега. Покрај тоа, беа договорени и идните активности и временската рамка за нивното постигнување.

Беше дискутирано за процесот на основање на Асоцијацијата на ULCA иновативни наставници и менаџери и се дискутираше за идните активности во рамките на оваа организација. Беа анализирани активностите во рамките на третиот работен пакет, како и резултатите од обуката за менаџери која беше реализирана, а беа дефинирани и идните чекори во рамки на овие активности.

Процeсот на мониторирање на наставниците при имплементација на настава со фокус на наставникот согласно дефинираните критериуми во ULCA Framework од страна на секоја организација беше презентираn, како и активности кои ќе слеедат во идниот период.

Беше дискутирано и за идните активности во поглед на креирање на обуки за поттикнување на дигиталните вештини на наставниците и имплементација на иновативна методологија во училница. Беше анализиран и прогресот на проектот, а беа поставени и идни цели, како и временска рамка за нивно постигнување