Маја Виденовиќ од Диг-Ед беше гостин во епизода од DigiEduHack Podcast каде зборуваше на тема Gamification for Learning: Building Bridges Through Play and Cybersecurity
Во оваа епизода таа дискутираше за:
🎮 Како гејмификацијата им помага на учениците полесно да ги разберат сложените теми, како што е сајбер безбедноста
📚 Влијанието на учењето базирано на игра во креирањето на интерактивни средини за учење кои го поттикнуваат интересот, мотивацијата и ангажираноста на учениците
🧠 Иновативни пристапи во дигиталното образование
За време на епизодата, таа ги споделува и резултатите и придобивките од имплементираниот SHIELD проект и дискутира како гејмификацијата може да ја трансформира училницата во интерактивни и ангажирачки искуства кои го продлабочуваат знаењето и ја зајакнуваат соработката. Започнувајќи од игровни активности во едукацијата за сајбер безбедност до улога на игрите во мотивирањето на учениците, таа истакнува зошто игрите се моќни алатки за надминување на јазот помеѓу наставниците, учениците и наставните содржини.