Центарот за иновации и дигитална едукација Диг-Ед со гордост го организираше завршниот настан на SHIELD проектот (SHIELD: Практично учење преку симулација на игрa за подобрување на вештините за сајбер безбедност) на 22 август 2025 година во INNOX Innovation Center во Скопје. Настанот претставуваше осврт на активностите на оваа едногодишна иницијатива, спроведена во рамките на Cyber Balkans проектот, финансиран од Европската Унија, посветена на зајакнување на свеста за сајбер безбедност во училиштата низ Македонија.
После воведните обраќања, следеше презентација на целите, активностите, резултатите и ефектите од имплементацијата на SHIELD проектот. Во рамки на овој проект успешно беше развиена и имплементирана иновативна методологија на обука базирана на работилници, која ги интегрира дигиталното раскажување приказни, алатките со вештачка интелигенција и учење преку игра. Повеќе од 40 наставници беа обучени, а со поддршка од Диг-Ед, тие креираа и имплементираа интерактивни игри и игровни активности во училница. Повеќе од 30 ресурси за едукација за сајбер безбедност базирани на игра беа споделени како дел од растечката библиотека на отворени образовни ресурси (ООР) на Диг-Ед. Ресурси











Од февруари до мај 2025 година, SHIELD работилниците беа спроведени во повеќе училишта, директно вклучувајќи над 1.000 ученици. Ефектот беше веднаш видлив: учениците, кои претходно сметаа дека сајбер безбедноста е здодевна или апстрактна тема за изучување, сега активно учествуваа во игрите, анлизирајќи различни симулации на ситуации со сајбер насилство.
Информации може да ги најдете во оваа брошура.
Настанот ги претстави најуспешните едукативни ресурси и активности базирани на игри, развиени од наставниците на тема сајбер безбедност, како резултат на повикот за создавање и имплементација на интерактивни наставни активности на оваа тема. Беа споделени инспиративни приказни од училницата, вклучувајќи сведоштва од ученици за тоа како игровните активности им помогнале да препознаат и реагираат на онлајн закани во секојдневниот живот. Наставниците ги споделија и своите размислувања за професионалниот развој што го доживеале, истакнувајќи колку достапните алатки и учењето базирано на игра можат да станат вредни ресурси во современото образование. Учесниците учествуваа во дискусии, споделувајќи помеѓу себе идеи, искуства и сознанија поврзани со дигиталната безбедност и иновативните наставни методи.






Настанот ја одбележи заедничката работа на наставниците и учениците, истакнувајќи го влијанието на практичните и интерактивни пристапи во едукацијата за сајбер безбедност. Беше нагласена важноста на комбинирањето на технологијата, креативноста и интерактивното учење за подобрување на практичните знаења и критичкото размислување кај учениците. Иако проектот официјално заврши, тој инспирира постојано подобрување на едукацијта за сајбер безбедност, со цел да биде поинтересна, поефикасна и со подолготрајно влијание.
