STEM Discovery кампањата е годишна заедничка меѓународна иницијатива организирана од Scientix која се одржува од почетокот на февруари до крајот на април. Темата за овогодинешната кампања беше „STEM за сите“, со цел да се доближат STEM предметите до секој ученик.
Во ова седмо издание, учесниците имаа можност да ги достават своите активности и да земат учество на 11 различни натпревари организирани од различни партнери на кампањата.
Scientix оваа година организираше два натпревари. Првиот, „STEM Активности“, ги покани учесниците да организираат активности за промовирање на STEM во контекст на кој било STEM предмет во нивниот клас. За вториот натпревар, наставниците беа поканети да изберат од преку 3.000 висококвалитетни ресурси објавени на Scientix репозиториумот и да покажат како ги интегрирале во нивните лекции. Учесниците исто така беа охрабрени да ги споделат своите искуства со пишување запис на блогот за кампањата за откривање на STEM.
Вкупно, беа регистрирани над 600 пријави за Scientix натпреварите – меѓу кои има 24 победници.
Би сакале да им се заблагодариме на сите кои учествуваа во натпреварите. Навистина го направивте STEM за сите! Погледнете ги победниците на сите натпревари STEM Discovery Campaign овде.