Отворените образовни ресурси се креирани во рамките на проектот SHIELD: Практично учење преку симулација на игрa за подобрување на вештините за сајбер безбедност, како дел од иницијативата KnowCyber, спроведена во рамките на проектот Cyber Balkans и финансирана од Европската Унија. Повеќето ресурси се на македонски јазик, додека два се наменети за ученици кои учат англиски како втор странски јазик.


Дигиталната потрага на Сара

Дигиталната потрага на Сара е пример едукативна игра за сајбер безбедност креирана со помош на вештачка интелигенција. Играта е наменета за ученици од 13 до 15 години и е од тип на игра лов на богатство/ соба за бегство со три нивоа и по три предизвици во секое ниво.

Истата е развиена како игровна активност, која може да се игра во училница со целото одделение, преку дискусија водена од наставникот, но и како дигитална игра која учениците може да ја играат самостојно.

Преку играта учениците на интерактивни и ангажирачки начин ќе научат за: препознавање на различни форми на сајбер насилство, ќе разберат за приватност, безбедност и ризиците од прекумерно споделување на информации онлајн, и ќе се охрабрат да преземат акција против сајбер насилство.

Линк до игровна активност: Story_Game_CS_full.pdf

Линк до дигитална игра Дигиталната потрага на Сара

Тикток заговор: Мисија за дигитален опстанок

Дигитална игра креирана од Силвана Ј. Бинова. Играта, креирана во Genially, ги носи учениците низ четири зони, каде што треба да решаваат загатки и да откриваат траги. Со успешно решавање на загатките во секоја зона, тие добиваат по една цифра од тајниот код што ќе ја ослободи базата.

Играта ги воведува учениците во светот на безбедно однесување на Интернет и критичкото размислување, помагајќи им да препознаат опасни онлајн предизвици, фишинг измами, манипулации од инфлуенсери и ризиците од споделување лични податоци. Повеќе за играта може да прочитате: линк

Патри и неговата сајбер мисија

Игровната активност е наменета за ученици од 10 до 12 година и истата е изработена од Марија Богатиновска. Целта е учениците да научат како да препознаат лажни пораки и профили, да создадат безбедна лозинка. ја сфатат важноста на приватноста и споделувањето информации онлајн, и да научат како да реагираат на сајбер-заплашување.​

Игровната активност се реализира со презентација преку која наставникот ја води играта, а учениците добиваат работни листови на коишто се дадени предизвиците што треба да ги решат за да преминат на следото ниво. Пристапете до потребните материјали линк

ClickNik – мрежа на доверба

Игровна активност креирана од Ивана Герасимовска која има за цел да ја подигне свеста кај средношколците за онлајн безбедноста, но и за чувството на емпатија.

Активноста е наменета за играње во училница и им овозможува на учениците стекнување на знаење за различни видови на сајбер насилство и начини за реагирање на истото. Играта се состои од три нивоа со по три предизвици, каде учениците се соочуваат со реални проблеми на сајбер насилство, решаваат логички и интерактивни задачи, дешифрираат пораки и навигираат низ виртуелни предизвици, а во последното ниво се фокусираат на своите емоции и рефлектираат што научиле во претходните предизвици.

Опасностите на Сајбер – светот

Игровната активност е креирана од учениците Ѓорѓи Грков и Никола Јованов, под менторство на наставникот Славица Јаневска. Учениците се стекнуваат со знаења и вештини како да се справат со сајбер насилство, како да препознаат лажни линкови и како да се однесуваат во онлајн просторот.

Во активноста се среќаваме со Лена која станува цел на закани и измами на социјалните мрежи. Заедно со детективот Шарл, играчите го откриваат сторителот и разобличуваат лажна награда. Во последното ниво се учи кои чекори требало да ги преземе за да се заштити.

Нетмен – Мисија Безбедност

„Нетмен – Мисија Безбедност“ е интерактивна едукативна игра за деца, дизајнирана како соба за бегство во дигитален свет, креирана од Билјана Николова.

Играчот ја презема улогата на Нетмен – херој кој мора да ги реши трите главни предизвици: заштита на лични податоци, креирање силни лозинки и справување со сајбер-малтретирање . Секоја мисија содржи прашања и интерактивни задачи, каде што децата учат преку избори и совети. Ликовите Луна (ментор) и Вируско (дигитален непријател) ги водат низ приказната. Со секој успешно решен предизвик, се отклучува нова „врата“, а на крајот, играчот добива дигитални значки за својата безбедност на интернет.

Сајбер потрага – Мисијата на Сара

„Сајбер потрага: Мисијата на Сара“ е едукативна интерактивна игра во стил на Escape Room, дизајнирана за ученици на возраст од 9 до 11 години, креирана од Билјана Стојановска.

Преку четири нивоа, учениците решаваат задачи поврзани со сајбер насилство, дигитална безбедност, препознавање на лажни информации и употреба на вештачка интелигенција. Играта завршува со финален тест на знаење. Активноста поттикнува критичко размислување, соработка и емпатија во онлајн средина.

Алиса во Сајбер Земјата на Чудата

Играта креирана од Николина Ѓорчевска е адаптација на класичната приказна „Алиса во земјата на чудата“, специјално дизајнирана за ученици од 11 години.

Играта се игра офлајн а целта е да се научат основните принципи на сајбер безбедноста на забавен и интерактивен начин. Играта ја играат истовремено двајца ученици кои наизменично фрлаат коцка или додекаедар (по нивен избор) и така се движат низ дигиталната мапа со предизвици решавајќи прашања со различна тежина, инспирирани од „Алиса во Земјата на чудата“.

Алиса во Земјата на Интернетот: Сајбер патека низ чудата

Инспирирана од „Алиса во земјата на чудата“, оваа игра креирана од Ирина Иванова ги води учениците низ измислен дигитален свет — Земјата на Интернетот.

По кликнување на сомнителен линк, Алиса се буди во виртуелен свет каде што мора да помине низ 5 нивоа исполнети со предизвици поврзани со сајбер безбедност: лозинки, фишинг, лажни профили, дезинформации, сајбер булинг и дигитален отпечаток. Учениците, во тимови, донесуваат одлуки наместо Алиса и ги истражуваат последиците преку интерактивна нарација, мини-загатки и дискусија, поттикнувајќи критичко размислување и одговорно онлајн однесување.

Отклучи го безбедниот свет

Игровната активност е креирана од Зорица Адамчевска и е наменета за нашите најмали ученици. Главен лик е третоодделенецот Филип,  дете без слух и говор. Играта се состои од три нивоа и 9 предизвици. Преку сложување на сложувалка за сајбер безбедност, отклучување на  дигитален ковчег и поминување на лавиринт со препреки од сајбер насилници, Филип успева да ги открие, научи и применува правилата на Дигиталниот чувар.

Активноста може да се игра и како групна игра и вклучува и картички за групна игра, како и картички за помош.

Мисијата на Ангела: Тајната на изгубените ракописи

Игровната активност е креирана од Матилда Бајкова и е наменета за ученици од предметна настава. Целта е учениците да научат како да препознаат и реагираат на интернет малтретирање., да ја разберат важноста на заштитата на личните податоци и безбедното онлајн однесување.

Во едно основно училиште, пред литературниот натпревар, исчезнува клучот од сефот каде се чувале трудовите на учениците. Некои добиваат вознемирувачки пораки, а дел од нивните компјутерски профили се хакирани. Главниот лик, Ангела, добива мистериозен записник кој води кон решавање на три нивоа со предизвици. Нејзината мисија е да го најде клучот и да ја спаси училишната библиотека на време.

Сајбер фабриката под опсада

„Сајбер фабриката под опсада“ е дигитална едукативна интерактивна игра креиран од Мартин Маџовски, наменета за ученици од 6 и 7 одделение. Играта е дизајнирана со цел да ги едуцира учениците за безбедно онлајн однесување преку игра и интерактивност.

Играчите се во улога на сајбер агенти кои треба да ја спасат фабриката од дигитален напад. Преку пет тематски нивоа, играчите се соочуваат со предизвици поврзани со сајбер безбедност, како што се лозинки, лични податоци, измами, вируси и безбедност на уреди. Секоја точна одлука ги носи чекор поблиску до целта – да го спречат хакерот и да ја заштитат фабриката.

Виртуелна безбедност: Твојата мисија

“Виртуелна безбедност: Твојата мисија” e интерактивна едукативна игра креирана од Игор Николовски и наменета за ученици од предметна настава.

Играта има за цел да ги научи учениците како да ја заштитат својата приватност, како безбедно да користат социјални мрежи, и како да препознаат и реагираат на сајбер насилство. Преку четири мисии учениците ќе научат како да го заштитат својот дигитален идентитет.

Мисија Сајбер Херои: Спас на дигиталниот свет

„Мисија Сајбер Херои“ е интерактивна, едукативна игра креирана од Нела Слезенкова Никовска, наменета за ученици на 9-годишна возраст. Учениците се претвораат во Сајбер Херои и добиваат задача да го спасат дигиталниот свет од злобниот хакер Вирус Х, кој се заканува да го уништи интернетот.

Учениците работејќи во тимови треба да решаваат загатки, декодираат пораки, скенираат QR-кодови, откриваат фишинг пораки, градат силни лозинки и учат како да ги заштитат личните податоци. Секоја активност е поврзана со практични вештини за сајбер безбедност.

Ана и тајните на сајбер безбедноста

Игровна активност наменета за ученици од 1 до 5 одделение креирана од Маја Митевска-Поцева, со цел учениците да стекнат знења за сајбер безбедност и како да се справат со сајбер малтретирање. Главниот лик во играта е Ана, девојче на 9 години, која добива навредлива порака од непознат испраќач. Се впушта во три мисии со цел да ги заштити своите другарчиња од сајбер-малтретирање.

Истата може да се имплементира во вид на дискусија користејќи презентација креирана од наставникот, но и како игра во училишната зграда. До материјаалите може да пристапите на следниот линк: Потребни ресурси

Операција Чувар на Интернетот

Игровна активност креирана од Соња Трифуновска и наменета за ученици од 9 – 10 годишна возраст. Главниот лик – Изабела, заедно со своите соученици, тргнува во авантура за да го заштити училишниот сервер од хакерска закана. За да ја завршат мисијата успешно, учениците мора да решат три нивоа со по три предизвици, преку кои ќе ги развијат своите знаења и вештини за безбедно и етичко користење на интернетот и социјалните мрежи.

Играта е интерактивна, тимска и базирана на решавање проблеми, дешифрирање кодови, анализа на профили и идентификување на ризични ситуации од секојдневното дигитално живеење. Правила за играта Ресурси за играта

Сајбер Код – Избришаната Иднина

Сајбер Код – Избришаната Иднина е интерактивна едукативна игра креирана од Маргарета Зајкова, која ги води учениците низ свет полн со дигитални предизвици. Играта е наменета за ученици од предметна настава и има за цел да ги развие вештините на учениците за сајбер безбедност.

Главниот лик, Миа (11 години), се соочува со сајбер-опасности и мора да ги реши загатките за да го спаси училиштето од хакерска закана. Играта се одвива во три нивоа: откривање вирус во училишниот систем, враќање загубени податоци во библиотеката и финална битка со мистериозен хакер.

Тајниот код

Игровната активност е наменета за ученици од средните училишта и е изготвена од Пале Атанасова. Има за цел да ги запознае учениците со можноста за хакерски напади и како може да се заштитат од истите.

Главниот лик Матеј е 14-годишен ученик кој обожава видео игри и еден ден добива мистериозна порака од непознат играч со покана за тајна мисија. Кога кликнува на линкот, неговиот компјутер почнува да се однесува чудно, а профилот му е компромитиран. Матеј сфаќа дека можеби станал жртва на хакерски напад и треба да решава предизвици за да го заштити својот дигитален идентитет.

Sara’s Cyber Quest: Defending Kindness Online

Игровната активност креирана од Нарциса Блажевска е наменета за ученици од основните училишта кои изучуваат англиски јазик со цел кај нив да се развива свеста за сајбер безбедност.

Сара, ученичка на 12 години, сака да споделува креативни видеа на Instagram и TikTok. Еден ден забележува дека нејзин пријател е малтретиран во коментарите на нивната последна објава. Пораките со омраза се шират брзо, и Сара сфаќа дека мора да дејствува пред да биде подоцна. Таа решава предизвици кои ќе ѝ овозможат да се бори против омразата на интернет и да ги направи социјалните медиуми побезбедни за сите.

Are we cyberbullying?

Играта е креирна од Јулијана Гугоска и е наменета за ученици кои го изучуваат англискиот јазик. До описот на играта и искористените ресурси може да пристапите на следните линкови: опис, Resources.docx

Приказна: Во нашето одделение има 17 ученици. Бевме добри пријатели и игравме заедно до трето одделение. Потоа учениците почнаа да формираат мали групи, понекогаш расправајќи се и тепајќи се. Сега сме во шесто одделение. Сите ученици се дел од chat на Viber. Понекогаш продолжуваме со расправиите и онлајн. Дали тоа претставува сајбер насилство? Наставникот ги замоли Алекс и Ана да истражат што се случува во групата и да им помогнат на учениците да го разберат сајбер насилството.

Sarah Kay

Sarah Kay е забавна и едукативна офлајн игра со можност и на користење технологија доколку имате во училницата, во стил на лов на богатство, каде што учениците учат за интернет безбедност преку авантура што ги вклучува нивните секојдневни искуства.

Играта е креирана од Билјана Лазаревска и е прилагодена за прво одделение, со математички задачи, природни науки, букви и интерактивни активности.

За играње на играта искористете ги веќекреираните картички.

Сара и нејзината интернет авантура

Игровната активност е креирана од Зорица Милкова и е наменета за најмалите ученици. Учениците учат за тоа како да креираат безбедни лозинки, како да препознаваат онлајн измами и како да се спрват со онлајн насилство.

Игровната активност ја следи Сара, која добила нов таблет за роденден и сака да истражува на интернет. За да го користи безбедно, таа тргнува на авантура низ „Интернет Шумата“, каде треба да ги совлада важните лекции за сајбер безбедност. Играчите ѝ помагаат да решава загатки и да стане вистински Интернет Херој.

Избегај од дигиталниот лавиринт

Игровната активност е креирана од Марина Пејковска и е наменета за ученици од основните училишта. Истата има за цел да ги развие вештините на учениците за безбедно користење на онлајн проссторот и да стекнат знаења како да се однесуваат доколку наидат на непристојно однесување.

Јован е 11-годишно момче кое се соочува со злобни коментари на Фејсбук. Во играта, играчите ќе му помогнат да се ослободи од негативноста, решавајќи загатки и учејќи дека сите заслужуваат почит и поддршка. Точните одговори на праашањата во активноста може да ги најдете во следниот документ: Одговори на зададени задачи

Приказната за Ана

Игровна активност креирана од Ристо Ристов за препознавање на сајбер насилство и соодветно реагирање. Воведување во поимите дигитален отпечаток, сајбер насилство и заштита.

Главниот лик, Ана е ученичка во основно училиште која поминува многу време на интернет и социјални мрежи. Нејзините пријатели започнуваат да ја малтретираат преку пораки, слики и коментари, а Ана започнува патека за да научи како да се заштити и како да го спречи сајбер-малтретирањето.

Биди побрз од другите

„Биди побрз од другите“ е едукативна игровна активност за средношколци, создадена од Ѓоко Тодоров. Има за цел да ги збогати знаењата на учениците за безбедноста на интернет, како и да им ги освежи основните знаења од некои предмети.

Активноста се имплементира во училница, а има и дополнителен материјал за наставникот.

Тркало

Играта е изработена од Маргарета Зајкова и е наменета за ученици од предметна настава. Целта е да се развие дигиталната писменост на учениците, да се зголеми свеста за сајбер безбедност, да се оспособат учениците да препознаваат безбедни веб страници и да разберат за можните опасности онлајн.

Миа е 12-годишна девојка која сака технологии и мистерии. Еден ден, додека користи својот таблет, одеднаш сите нејзини фотографии, документи и пораки исчезнуваат. Миа сфаќа дека некој ја нападнал нејзината дигитална иднина. Таа мора да ги следи трагите и да го порази хакерот пред да биде доцна.  За да може да ја играта играта потребно ви е тркало кое може да го сименете од следниот линк: тркало