Во рамки на проектот “Creating the Network of Excellent ULCA Schools”, Маја Виденовиќ и Мирјана Јанкуловска, како претставници од Диг-Ед земаа учество на обука која се однесуваше на градење на одлични училишта. Обуката се спроведуваше во периодот од 8.7.2024 до 10.7.2024 во Вилниус, Литванија и беше реализирана од Vanda Novoksonova од Biedriba Eurofortis, Латвија.
Главна цел на обуката беше да се зајакнат вештините на учениците за да применуваат пристап кој ќе доведе до зодавање на совршени училишта, следејќи ја KNOWLO транформацијата на нивните училиша. KNOWLO рамката се состои од 7 критериуми и 19 поткритериуми сследејќи ги приниципите на една оеганизација која доживотно учи, фокусирајќи се на трите основи карактеристики на образовен квалитет: одличност на организацијата, менаџмент и разој на наставникот, и ангажираност на учениците и наставниците. Повеќе за KNOWLO рамката за оценување на квалитетот на работата може да најдете на следниот линк: http://www.knowloframework.com/
Пред да започне обуката, учесниците веќе извршија самооценување на своите вештини, како и на вештините на својата организација во однос на воспоставување на организација која доживотно учи. За време на обуката, наставниците ги презентираа резултатите од таа евалуација, споделуваа добри практики, и обидувајќи се да ги идентификуваат подрачјата каде може да се подобрат. Критериумите за евалуација беа разгледани подетално, и секоја организација изготви план за подобрување, идентификувајќи ги следните чекори за постигнување на поставените цели.