Во текот на месец јуни 2024 година беше извршена опсервација на часови како дел од активностите за разивање на процесот на мониторирање на наставници во рамки на проектот “Creating the Network of Excellent ULCA Schools”.
Маја Виденовиќ, која е сертифициран обучувач во рамки на овој проект, заедно со Мирјана Јанкуловска, од Диг-Ед, извршија опсервација на часови на наставници кои веќе ги посетија обуките “Learner centered approach“ (Пристап со фокус на ученикот) и “Learn&Lead – Self management“ (Учи и води) во рамки на Erasmus+ проектот ”Upgrade with learner centered approach – ULCA”. Беа посетени часови реализирани од Силвана Бинова од ООУ „Страшо Пинџур“, Карбинци, Ирина Иванова од ООУ „11 Октомври“, како и Љубица Толовска и Ангелчо Ќосев од ООУ „Страшо Пинџур“, Неготино. Притоа Маја Виденовиќ изврши анализа на часовите во поглед на педагогијата и емоциите кои ги побудува часот, а Мирјана Јанкуловска вршеше опсервација и евалуација користејќи чек листа согласно со рамката за развој на наставници, креирана за време на ULCA проектот.
После опсервацијата на часовите, заедно со наставниците беше направена анализа на истите, како и степенот на постигнатост на компетенциите на LCA наставник. Маја Виденовиќ и Мирјана Јанкуловска дадоа конструктивни повратни информации и заеднички беше изготвен и акциски план за подобрување на нивните LCA наставни методи и активности во следниот период.