После успешно извршената идентификација нa едукативните видеа од FuseSchool и преводот на оние кои одговараат на наставните програми по хемија, биологија, физика и математика за месеците март, април и мај, како и позитивната реакцијата на наставниците во однос на нив, иницијативата „Наука за деца“ одлучи да продолжи во истата насока.
Во текот на следниот период ќе се изврши идентификација на едукативни видеа кои одговараат на наставните содржини во месец септември по наведените предмети и кои наставниците би можеле да ги искористат при реализацијата на своите часови, без разлика дали истите ќе се реализираат во училиште или онлајн.