Почеток на имплементација на проект во рамки на KnowCyber грантови за здруженија на граѓани од Западен Балкан

Центарот за иновации и дигитална едукација Диг-Ед започна со имплементација на проектот SHIELD: Практично учење преку симулација на игрa за подобрување на вештините за сајбер безбедност. Проектот е добитник на грант во рамки на повикот KnowCyber за здруженија на граѓани од Западен Балкан, од e-Governance Academy (eGA). Повикот е дел од проектот Cybersecurity Capacity Building in the Western Balkans финансиран од Европската Комисија. 

Проектот ќе се реализира во следните 10 месеци, започнувајќи од 15.11.2024 година. Целта на проектот е да креира, имплементира и дисеминира нова методологија и ресурси за училиштата, комбинирајќи дигитално раскажување приказни, алатки за вештачка интелигенција и учење базирано на игри, со фокус на сајбер безбедност. Идејата е имплементацијата на проектот да ги зајакне образовните политика за сајбер-безбедност и да ги подобри нивните капацитети и механизми за едукација на сајбер безбедноста на интересен и привлечен начин.