Центарот за иновации и дигитална едукација Диг-Ед започна со имплементација на проектот „Jed(a)i на новото време: MED-AI“, финансиран од Американската Амбаасада во Скопје. Проектот има за цел да ги интегрира вештачката интелигенција и образованието за медиумска писменос во основните училишта преку воспоставување на колаборативна, интерактивна и ангажирачка средина за учење. Проектот ќе се однесува на предизвиците поврзани со сајбер безбедност и медиумска писменост преку развивање на алгоритамското размислување кај учениците, разбирање на алгоритмите на кои се заснова вештачката интелигенција, вештините за критичко размислување и решавање проблеми, комуникација, соработка и тимска работа.
Проектот ќе се имплементира во неколку фази, започнувајќи со изработка на материјали за обука, наставни материјали и активности со фокус на вештачката интелигенција и медиумската писменост. Откако ќе се подготват материјалите ќе се реализираат работилници за наставници кои потоа ќе го дисеминираат знаењето и ресурсите во своите училишта. Учениците ќе бидат ангажирани преку практични проекти, развивање на отворени образови ресурси, што ќе заврши со натпревар на кој ќе биде презентирана нивната работа. Финалната фаза на проектот вклучува работилници за да им се помогне на наставниците да ги интегрираат резултатите од проектот во наставните програми од различни предмети. Проектот има за цел да вклучи 20 наставници и 1000 ученици, создавајќи отворени образовни ресурси и поттикнувајќи колаборативна средина за учење која ги продлабочува нивните дигитални вештини, како и способностите за користење на вештачката интелигенција и медиусмката писменост на учениците од основните училишта.