По анализа на наставните програми по хемија, физика, биологија и математика, како и споредба со листата на едукативни видеа која ја нуди FuseSchool беше заклучено дека за секој од четирите наведени предмети постојат едукативни видеа кои може да се искористат за време на наставните часови, најмалку едно видео неделно.
Во текот на месеците јули и август, членови на Диг-Ед ќе работат на превод на едукативни видеа од FuseSchool соодветни на наставните содржини. Следете ги новите преведени видеа на „Наука за деца“. Преведените видеа ќе може да ги погледнете на https://www.naukazadeca.mk/index.php#fuseschool