На 21.12.2022 година беше реализиран вебинарот „Презентација на различни СТЕМ активности со користење на мобилни апликации“. На почетокот беше направен краток осврт на најновите информации поврзани со Scientix, како и активностите на Диг-Ед, како Scientix NCP. Презентери на вебинарот беа двајца Scientix Амбасадори: Марија Пупиноска Гогова и Билјана Стојановска. За време на вебинарот беше објаснет чекор по чекор начинот на креирање на QR кодови, а беа дадени и различни примери и идеи како истите можат да се искористат за различни активности во наставата. Потоа беа дадени идеи и ресурси за Stop Motion Studio, Coding for Kids и Toontastic. Презентациите кои беа користени за време на вебинарот може да ги погледнете на следните линкови:
Детално со начините на користење на овие апликации и примери за нивна употреба во СТЕМ предметтите може да погледнете во видео записот од вебинарот.