Следење на напредокот: набљудување на наставата и професионаален развој на наставниците во рамки на NELCA

Како дел од тековните активности насочени кон унапредување на процесот на следење и поддршка на наставниците, во април 2025 година беа спроведени посети на наставни часови во рамки на проектот „Creating the Network of Excellent ULCA Schools”. Оваа активност беше наменета за поддршка на професионалниот развој на наставниците кои претходно учествуваа на Еразмус+ обуките “Learner Centered Approach” и“Learn&Lead – Self Management”, во рамки на проектот “Upgrade with Learner Centered Approach – ULCA”.

Посетите ги реализираа Маја Виденовик, сертифициран обучувач во проектот, заедно со Мирјана Јанкуловска од Диг-Ед. Беа посетени часовите на наставници кои ги имаа посетено претходно наведените обуки: Силвана Бинова од ООУ „Страшо Пинџур“, Карбинци, како и Јованка Паункова и Ангелчо Ќосев од ООУ „Страшо Пинџур“, Неготино.

За време на часовите, Маја Виденовик се фокусираше на анализа на педагошките пристапи и атмосферата во училницата, следејќи како се реализира наставата и каква е интеракцијата со учениците. Во исто време, Мирјана Јанкуловска спроведе детална опсервација и евалуација користејќи контролна листа според Рамката за професионален развој на наставници, развиена во рамки на проектот ULCA за проценка на наставничките компетенции.

По опсервациите, со наставниците беше направена заедничка анализа за да се процени нивото на постигнување на компетенциите поврзани со креирање на настава со фокус на ученикот. Маја Виденовик и Мирјана Јанкуловска дадоа конструктивна повратна информација, а заедно со наставниците изготвија акциски план за понатамошно унапредување на наставните методи и активности.

Дополнително, беа анализирани акциските планови и се направи ажурирање на поставените цели кај двајца наставници кои и минатата година беа дел од процесот на опсервација. На овој начин беше овозможена сеопфатна евалуација на нивниот напредок. Беа направени прилагодувања со цел да се обезбеди континуирано унапредување, а наставниците добија можност да го анализираат својот развој, да ги препознаат постигнувањата и да идентификуваат области за понатамошно напредување. Овој процес е од суштинско значење за поттикнување на култура на постојан професионален развој, при што наставниците остануваат усогласени со LCA пристапот и клучните образовни стратегии што се промовираат преку проектот NELCA.