Претставник од Диг-Ед учествуваше на транснационален состанок во рамки на Еразму+ проект “Upgrade with Learner Centered approach” во Рига, Латвија. За време на состанокот партнерите во проектот дискутираа за реализацијата на интелектуалните продукти од проектот, се договараа за подготовката за Водичот за наставници, наставници обучувачи и менаџери, како и за идната имплементација на продуктите од реализацијата на проектот. Различни начини за дисеминација на проектните активности беа посочени од учесниците на состанокот. Беше дискутирано и за организација на обуката за наставници обучувачи во Македонија, како и за финалната конференција во Словачка, а беше направена и драфт агенда за настаните. За време на овие два дена претставници од партнер организациите ја подобрија комуникацијата и соработката помеѓу нив, како основа за понатамошна соработка.
2022-08-26