Учество во MOOC MLCE Media Literacy – Empowering Educators for the Next Digital Decade

Мајa Виденовик беше дел од МОOC MLCE: Media Literacy – Empowering Educators for the Next Digital Decade. Како експерт во областа на медиумската писменост, таа беше вклучена во снимање видеа кои беа користени во текот на курсот. Првото видео беше фокусирано на тоа што младите треба да научат за безбедно и одговорно користење на генеративна вештачка интелигенција. Во второто видео, таа сподели совети со други наставници за тоа како кај учениците да ја подобрувааат медиумската писменост, со акцент на промовирање на критичко размислување, развој на дигитални вештини и зајакнување на вештините на учениците преку создавање медиумски содржини.

Мaja учествуваше и на настанот TeachMeet како дел од овој МОOC, што беше исклучителна можност за споделување искуства и идеи со динамична заедница на едукатори од цел свет. Таа презентираше на тема „Иновативни пристапи во наставата за медиумска писменост“, при што ги истакна креативните стратегии за развој на критичкото размислување на учениците, дигиталното граѓанство и аналитичките вештини. Презентацијата беше фокусирана на интеграцијата на раскажување приказни, учење преку игри и користење на пристапот на соученичко учење за да се направат часовите за медиумска писменост поинтересни заа учениците и со самото тоа поефективни.