Учество во TechCamp Slovakia: Educate, Empower, Expose: Combating Disinformation

Маја Виденовиќ од Диг-Ед учествуваше на TechCamp Словачка, настан фокусиран на борбата против дезинформациите, под темата „Educate, Empower, Expose: Combating Disinformation“. Како експерт во медиумската писменост и дигиталното образование, Маја ги сподели своите вредни сознанија за тоа како наставниците и учениците можат да бидат подобро подготвени да ги препознаат и спречат ширењето на лажни информации во дигиталната ера.

Настанот се одржа во Попрад од 27/08 до 30/08/2024, и учесниците имаа можност да изберат четири од седумте понудени сесии според своите интереси. Маја водеше сесија под наслов „Стратегии, пристапи и алатки за едукаацијаво медиумската писменост: практично искуство“. Преку интерактивни активности, таа работеше на обезбедување на наставниците со клучни вештини за ефективно интегрирање на дигитални и алатки базирани на вештачка интелигенција, со цел да се зголеми медиумската писменост во училницата. Наставниците ги истражуваа презентираните алатки и се обидоа даа креираат едукативни ресурси кои понатаму ќе може да ги искористат во едукацијата за медиумска писменост.