Членот на Dig-Ed, Маја Виденовиќ, учествуваше на Меѓународната ITHET 2024 конференција – IEEE International Conference on IT in Higher Education and Training. Конференцијата се одржа од 6-ти до 8-ми ноември 2024 година на Универзитетот Сорбона Париз Норд, Париз, Франција. Темата на конференцијата беше: The Future of Education, Powered by IT and AI (including GenAI).
Маја Виденовиќ го презентираше својот труд: PlayfulPeer Pedagogy: The framework for integrating game-based learning and peer instruction in primary education. Таа зборуваше за имплементацијата на методолошкиот пристап кој комбинира пристап на учење преку игра и соученичко учење за создавање интерактивни и ангажирани средини за учење со кои истовремено се надминуваат голем број едукативни предизвици. Истражувањето покажува дека имплементацијата на овој пристап може да ги подобри вештините за критичко размислување, комуникација и соработка на учениците, создавајќи во исто време поинтересен процес на учење.