Учество на состанок на управните тела на Digital Education Hackathon

На 16 јуни 2025 година Маја Виденовиќ, од Центарот за иновации и дигитална едукација Диг-Ед, учествуваше на состанок на управните тела на Digital Education Hackathon во Брисел, заедно со членовите на раководната група, националните амбасадори, домаќините и партнерите од цела Европа и пошироко. Овој собир претставуваше значаен чекор во подготовките за овогодинешниот Digital Education Hackathon.

Овогодишниот настан под мотото “Rethinking Education in the Age of Digital Skills”, е посветен на зајакнување на вештините на учениците за креативност, адаптибилност и знаење потребни во нашиот динамичен свет. Состанокот беше можност за размена на искуства од претходните настани, усогласување на заедничката визија и дефинирање на јасни улоги за обезбедување успешна реализација на настанот.

Маја Виденовиќ, како Национален амбасадор за Северна Македонија, се вклучи во дискусии за утврдување на предизвиците, поставување приоритети и планирање активности на локално и меѓународно ниво.

Енергијата, идеите и воспоставените врски на овој состанок претставуваат добра основа за она што ветува да биде амбициозен и влијателен Digital Education Hackathon 2025. Возбудени сме што Диг-Ед ќе има активна улога во обликувањето на овогодинешниот настан и во адаптирање на учењето во дигиталната ера.