Во периодот од 11.07.2024 до 13.07.2024 во Вилниус, Литванија, се одржа работилница за креирање на визија во училиштата во рамки на Erasmus+ проектот “Creating the Network of Excellent ULCA Schools”. Маја Виденовиќ и Мирјана Јанкуловска, како претставници од Диг-Ед учествуваа на оваа обука обидувајќи се да ја развијат визијата на Диг-Ед. Обуката ја реализираше Јана Чинорадска од Harmony Academy и истата се засноваше на принципите 9 + 00 Learn & Lead на личност која ги поттикнува луѓето на проактивен пристап во нивните животи.
На почетокот учесниците направија рефлексија на нивните самоевалуации KNOWLO Framework, како почетна точка за воспоставување на посакуваните цели. По презентацијата на 9-те Learn & Lead принципи, учесниците ги анализираа истите и се обидоа да ги поврзат со посакуваната визија и идните чекори. Следеше презентацијата на принципот 00 Learn & Lead, ти размилсуваа за ативностите преку кои може да се постигнат идните цели и личната визија на учесниците за нивната организација.
Со комбинирање на личните визии секоја организација ја креираше својата споделена визија и разви Акциски план за 2024/25 година со цел да ја достигне таа визија. Настанот беше одличен начин да се размислува за идните активностите на Dig-Ed и да се создаде заедничка визија, како и планирање на активности кои ќе ни овозможат да ја постигнеме во иднина.