Повик за развивање и имплементација на игровни активности на тема сајбер безбедност, креирани со помош на вештачка интелигенција

Центарот за иновации и дигитална едукација Диг-Ед објавува повик за развивање и имплементација на игровни активности на тема сајбер безбедност, креирани со помош на вештачка интелигенција.

Повикот е дел од активностите на проектот „SHIELD: Практично учење преку симулација на игрa за подобрување на вештините за сајбер безбедност“, добитник на грант во рамки на повикот KnowCyber за здруженија на граѓани од Западен Балкан, од e-Governance Academy (eGA), како дел од проектот Cybersecurity Capacity Building in the Western Balkans финансиран од Европската Комисија. Целта на проектот е да креира, имплементира и дисеминира нова методологија и ресурси за училиштата, комбинирајќи дигитално раскажување приказни, алатки за вештачка интелигенција и учење базирано на игри, со фокус на сајбер безбедност.

Повикот е наменет за наставници од основно и средно образование кои сакаат да осмислат и спроведат игровни активности со своите ученици на тема сајбер безбедност. Целта е преку SHIELD методологијата да се развијат едукативни игри што ќе вклучуваат елементи од вештачка интелигенција за создавање на приказни, нивоа и предизвици. Овие игри треба да поттикнат критичко размислување кај учениците преку анализа на ситуации од секојдневниот живот.
Центарот за иновации и дигитална едукација Диг-Ед во следниот период ќе организира вебинар на кој ќе бидат претставени елементите на SHIELD методологијата, како и начинот на креирање на игровни активности со примена на вештачка интелигенција.

👉 Ги охрабруваме сите заинтересирани наставници да се пријават за учество преку следниот линк. https://forms.office.com/e/BfCAksQ5B3

🗓 Рокот за пријавување е 12.05.2025 година.
Деталните информации за вебинарот ќе ви бидат испратени на емаил.

Најдобрите игри ќе бидат објавени како отворени образовни ресурси, и ќе бидат презентирани на завршниот настан во рамките на овој проект, во текот на месец август 2025. Ви благодариме бидејќи придонесувате за збогатување на базата на отворени образовни ресурси на македонски јазик.