4 настани за Европската недела на програмирањето поддржани од Meet and code

Неделата за програмирање на ЕУ ќе се одржи од 5-20 октомври, 2019 година и е базирана на идејата за младите советници, советодавна група од поранешниот комесар за Дигитална агенда Нели Крос и е поддржана од Европската комисија. Иницијативата на Meet and Code е да се организираат настани поврзани со науката и технологијата во тек на Неделата за програмирање на ЕУ со 300 € почетни пари за настанот.

Позади Meet and Code? стојат SAP, Haus des Stiftens gGmbH и соодветните партнери од земјите членки на мрежата TechSoup Europe. SAP ја овозможува иницијативата Meet and Code преку финансиска поддршка и други ресурси за непрофитните организации. Haus des Stiftens gGmbH е одговорна за иницијативата, за избор на проектите во Германија, Австрија и Швајцарија, како и за генерално управување со проектот и координација на финансирањето од страна на одговорните партнери управувачи на земјата од мрежата TechSoup Europe. Партнерит од TechSoup Europe се одговорни за координирање на иницијативата и избор на настаните кои ќе бидат поддржани во нивните земји. Meet and Code е развиена заеднички од страна на Haus des Stiftens и SAP.

Haus des Stiftens, општествено претпријатие во Германија, работи на ИТ-порталот Stifter-helfen во Германија, Австрија и Швајцарија. ИТ-порталот Stifter-helfen обезбедува донации и специјални услови за непрофитни организации во овие држави од добро познати компании од ИТ индустријата како и знаење за модерните технологии. Во Германија, ИТ-порталот беше пуштен во употреба во 2008, во Австрија во 2012 и во Швајцарија во 2013 година.

TechSoup Europe е дел од TechSoup Global Network. Заедно со 24 партнерски организации кои застапуваат различни области: градење капацитети, граѓанско учество, општествени иновации или дигитална инклузија, им помага на повеќе од 400,000 непрофитни организации во 48 европски земји да ги изградат своите капацитети. Мрежата ги опремува носителите на промени со производи од ИТ индустријата, знаење и услуги за да може да придобиваат од технологијата и да се фокусираат на нивната мисија да направат општествена промена.

Нашата организација доби поддршка за 4 настани кои ќе се реализираат за време на Неделата на програмирањето: Кодираме музикаАјде да кодираме игри, Заштитници на шумите, Преку QR кодови до промовирање на нашиот град.

 

Напишете коментар

Name *
Email *
Website