From AI to Gamification: Transforming Education for the Digital Generation – Диг-Ед на REMA 2025

На 3 и 4 Октомври 2025, Педагошкиот факултет од Битола беше домаќин на Шестата интернационална конференција “Education Across Borders”, со тема Reimagining Education in the Modern Age (REMA) 2025. На настанот присуствуваа едукатори и истражувачи од повеќе држави кои презентираа и споделуваа примери на иновативни пристапи во наставата. 

Маја Виденовиќ и Владимир Трајковиќ имаа пленарно предавање “From AI to gamification: transforming education for the digital generation”. Во презентацијата беше елаборирано како креирањето на наративи во игрите со помош на вештачка интелигенција, гејмифицираните активности и комбинацијата од учење во училница и онлајн учење,можат да креираат интерактивни и ангажирачки средини за учење кои поттикнуваат критичко размислување и решавање проблеми, со што се зголемува интересот и мотивацијата на учениците за процесот на учење. Во рамките на сесијата, исто така беше претставена и SHIELD методологијата од проектот Simulation game-based Hands-on Instruction for Enhancing Cybersecurity Learning and Development, објаснувајќи ја практичната имплементација на истата и придобивките за наставниците и учениците.

Мајa и Владимир исто така реализираа и практична работилница на тема „ AI-Powered Gamification: Engaging Students Through Smart Learning Experiences “, каде што им ја претставија SHIELD методологијата на едукатори од различни образовни нивоа, поттикнувајќи ги учесниците да ја интегрираат оваа методологија во својата наставна практика. Во рамките на работилницата беше демонстриран процесот на дизајнирање на игровни активности со користење на на вештачка интелигенција, а учесниците научија како да ја користат истата за создавање интерактивни сценарија, елементи на раскажување и персонализирани предизвици прилагодени на нивните предмети. Преку практични вежби, учесниците увидоа како алатките поттикнати од вештачка интелигенцијаможат да ги трансформираат традиционалните часови во ангажирачки, „игровни“ искуства.

За време на конференцијата, учесниците ја одбележаа и 30-годишнината од Педагошкиот факултет – Битола и Светскиот ден на учителот. Настанот поттикна значајни дискусии, активна вклученост и создаде атмосфера на ентузијазам и професионализам.