Scientix Амбасадорите имаат задача да ги споделуваат активностите на Scientix на национално ниво и имаат значајна улога во поддршката на иновациите во СТЕМ образованието во нивните држави. Нивната работа особено се истакнува при споделување на добри наставни практики, особено во СТЕМ областите и развивање на неопходните вештини кај учениците.
Scientix Aмбасадорите:
- Вршат дисеминација на Scientix активностите на национално ниво преку социјалните медиуми и разни презентации.
- Ја поддржуваат размената на знаење и добри практики во СТЕМ областите
- Го поддржуваат и подобруваат СТЕМ образованието
Во 2022 се избрани 916 Амбасадори од 49 држави. Во продолжение ја имате листата на Scientix Амбасадори од Македонија, а целата листа може да ја најдете на следниот линк Scientix 4 Teacher Panel – Scientix