Маја Виденовиќ и Ѓорѓина Димова, членови на Диг-Ед, имаа привилегија да учествуваат како говорници и експерти на неодамнешниот вебинар на Scientix STEM School Label: Be an Expert – Strategies for Engaging Students and Teachers in STEM Education, каде што имаа можност да споделат сопствени искуства од процесот за аплицирање на СТЕМ ознака на квалитет..
Презентацијата на Маја Виденовик ја истакна важноста на иницијативата STEM School Label, објаснувајќи ги критериумите кои се потребни за добивање на оваа ознака, заедно со деталниот процес на аплицирање. Дополнително, таа го сподели искуството на своето училиште во добивањето на ознаката Expert Label, нагласувајќи го влијанието што оваа ознака го имала на СТЕМ културата во училиштето.
Ѓорѓина Димова ја истакна потребата од ангажирање на целото училиште за добивање на ознака за квалитет Expert Label, давајќи вредни објаснувања за процесот. Дополнително, таа сподели неколку совети за наставниците како да постигнат Expert STEM School Label, базирано на искуството од своето училиште.