Возбудливи дискусии, тимска енергија и инспиративни резултати на состанокот за менаџери на проектот NELCA

Четвртиот состанок на раководството на проектот NELCA се одржа во Скопје, Северна Македонија, на 28-29 октомври 2025 година, во организација на центарот за иновации и дигитална едукација, Диг-Ед.
За време на двата продуктивни дена, претставници од различни организации (Католичкиот Универзитет во Ружомберок, Словачка, Диг-Ед – Северна Македонија, Хармони Академија – Словачка, БИЕДРИБА ЕУРОФОРТИС Латвија, Универзитетот Миколо Ромерио – Литванија, Основното училиште Добје – Словенија, Основното училиште Сладковичова – Словачка, Основното училиште Сташо Пинџур – Северна Македонија и Основното училиште Прана Масиото – Литванија), партнери во проектот се собраа во Скопје за да го разгледаат и дискутираат напредокот на проектот NELCA.
На состанокот беше истакнато успешното завршување, рефлексија и евалуација на пилот-тренинзите: Креативна LCA методологија за наставници од основните училишта, универзитетски наставници и примена на иновативната технологија во LCA училницата. Беше извршена рефлексија и евалуација и на следните тренинзи, насочени кон градење визии во училиштата и имплементација на EFQM Моделот на извонредност за подобрување на квалитетот на образованието.
Понатаму, се разговараше за насоките за минимални стандарди за управување во училиштата и воведување нови пристапи на оценување кои ја поддржуваат креативноста базирана на учење. Дискусијата се фокусираше и на концептот на „Зелени ознаки за училиштата“, истражувајќи ги критериумите и најдобрите практики за училиштата да станат еколошки одржливи, подготвени за климатските промени и активни учесници во Образованието за одржлив развој.
Минатата година (2024), како резултат на активностите од проектот, беше основана Меѓународната асоцијација на иновативни наставници и менаџери (IAITME). На овој состанок, партнерите ги презентираа тековните активности поврзани со изработката на веб-страницата на IAITME и ја дискутираа динамиката на идните активности поврзани со објавување на активности, вклучувајќи превод на јазикот на секој партнер.
WP5 работниот пакет вклучуваше детални набљудувања на часови на наставници, при што секој партнер ги презентираше своите согледувања и наоди за споделување на најдобрите практики и поддршка за меѓусебното учење. Исто така, партнерите соработуваа на развојот на ULCA методологијата за оценка на наставници, со цел создавање на сеопфатна рамка за евалуација и подобрување на перформансите на наставниците во рамките на асоцијацијата.
Состанокот заврши со стратешко планирање на финалната конференција на проектот и транснационалниот состанок на менаџерите (TPM) закажани да се одржат во Ружомберок, Словачка, во март 2026 година, каде партнерите ќе ги презентираат главните достигнувања и идните планови за одржливост на проектот.
Голема благодарност до сите партнери за нивниот придонес во промовирањето на иновациите и извонредноста во учењето и креативноста.