Центарот за иновации и дигитална едукација Диг-Ед со задоволство го најавува претстојниот завршен настан на SHIELD проектот (SHIELD: Практично учење преку симулација на игрa за подобрување на вештините за сајбер безбедност). Настанот ќе се одржи на 22.08.2025 во Innox Innovation Center во Скопје.
Во изминатите месеци, во рамките на проектот SHIELD, беше развиена и применета нова методологија за едукација за сајбер безбедност, која комбинира дигиталното раскажување приказни, алатки базирани на вештачка интелигенција и учење базирано на игра, со цел подобрување на знаењата и вештините за сајбер безбедност кај учениците и наставниците од основните и средните училишта во Северна Македонија. Дополнително, од страна на наставниците беа креирани и креирани и имплементирани различни игровни активности, кои потоа беа споделени како отворени образовни ресурси.
На завршниот настан ќе бидат презентирани резултатите од овој проект, креираните образовни ресурси од наставниците, а ќе има можност и за размена на идеи и поврзување со едукатори кои се посветени на сајбер безбедноста и иновативните методи на учење.
Ве покануваме да бидете дел од ова возбудливо завршно поглавје на проектот SHIELD. Ајде заедно да ја направиме едукацијата за сајбер безбедност поинтересна, поефикасна и поинспиративна.
Регистрирајте се на следниот линк https://forms.office.com/e/q1nDZDedB3, за да добиете детални информации за настанот.