Завршниот настан во рамки на проектот „Справување со дезинформации преку образование“, кој го имплементира Центарот за иновации и дигитална едукација Диг-Ед, во соработка со Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија и тимот на TechCamp на Стејт Департментот на САД од Вашингтон, се одржа на 23 и 24.08.2024 година во Скопје. На истиот присуствуваа околу четириесетина наставници, експерти до областа на медиумската писменост, како и претставници од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија.
По обраќањето од страна на US Chargé d’affaires Nicole Varnes и претставникот од Диг-Ед, на присутните им се обрати и Дејан Докузовски, проектен директор во IREX за проектот YouThink. Проектот е финансиран од USAID и се однесува на развивање на медиумската писменост. Беа презентирани резултатите од имплементаацијата на овој проект, како и идните активности, со што се изврши поврзување на целите и очекуваните резултати на двата проекти.
Тренерите од TechCamp Ohrid ги презентираа најновите трендови од областа на сајбер безбедноста, различни дигитални алатки, како и примена на пристапот на учење преку игра при едукација за сајбер безбедност. Нивните презентации може да ги најдете на следните линкови::
- Using AI to Enhance the Storytelling in Media Literacy and Cyber Security Classes – Владимир Трајковиќ
- Media Literacy Education and AI – Маја Виденовиќ
- New Trends in Cybersecurity – Александар Ацев
За време на настанот беа презенирани и активностите и финалните продукти од проектите кои беа имплементирани како резултат на повикот за мали грантови. Беа имплементирани шест проекти, од тимови од наставници кои учествуваа на TechCamp Ohrid со цел зајакнување на медиумската писменост на наставниците и креирање на отворени образовни ресурси. По презентацијата на сеекој проект беше дадена повратна информација за истиот од страна на присутните наставници, но и од менторите со кои се дискутираше и за идните чекори во имплементација на овие проекти. Во следната табела може да најдете кратка информција за секој проект, координаторот, резултатите, како и линк до презентацијата.
Наслов на проектот | Училиште – носител на апликација | Координатор | Резултат од проектот | Линк |
Развивање и тестирање на наставна програма по медиумска писменост | Петар Поп Арсов, Скопје | Александра Митровска | Наставна програма за слободен изборен предмет, како и активности за Клуб за медиумска писменост (https://nasmedium.edu.mk/) | link |
Намали ризик – медиумска писменост на македонски јазик | Мирче Ацев, Скопје | Елена Апостолова | Речник на термини од областа на медиумската писменост на македонски јазик и мобилна игра за совладување на овие поими (link) | link |
TruthTech: Медиумска писменост во ерата на вештачката интелигенција | Страашо Пинџур, Карбинци, Штип | Силвана Јакимовска Бинова | Онлајн курс за медиумска писменост во ерата на вештачката интелигенција и Каталог на добри практики со примена на знаењата стекнати ан курсот (https://mediainaa.mk/) | link |
Медиумска писменост за сите | ОУРЦ Маца Овчарова , Велес | Живка Панова Саздова | Материјали за едукација за медиумска писменост за ученици со посебни образовни потреби (https://mediumskapismenostzasite.mk/) | link |
EduCyberGuardians | Тошо Велков Пепето, Кавадарци | Зора Милкова | Онлајн курс за зајакнување на вештините на наставнициет за сајбер безбедност (https://educyberguardians.mk/) | link |
Медиумско дигитален триаголник | Страшо Пинџур, Неготино | Марина Станиславова | Работилници за ученици и родители за медиумска писменост и креирање на стрипови од страна на учениците (https://medigtriagolnik.wordpress.com/) | link |
Преку панел дискусија се анализираше иднината на едукацијата за медиумска писменост на национално ниво, како и одржливоста на веќепостоечките и започнување на нови проекти на оваа тема, како и нивниот импакт на малдите луѓе. Центарот за иновации и дигитална едукација Диг-Ед ги охрабрува сите наставници, инспирирани од овие добри практики и користејќи ги креираните образовни ресурси, да имплементираат содржини од областа на медиумската писменост и на тој начин сите заедно да го подобриме квалитетот на едукацијата за медиумска писменост на национално ниво.