BETT UK ја препозна Маја Виденовиќ од Диг-Ед, како една од 10-те жени кои создаваат позитивна промена во образованието преку технологија! 👩‍🏫👩‍💻🩵

Со големо задоволство објавуваме дека Маја Виденовиќ, еден од основачите на Диг-Ед, е дел од BETT UK EdTech 10 листата – признание за 10 жени кои имаат придонес за трансформација на образованието користејќи технологија.

Овој годишен натпревар ги препознава 10-те пионерки кои направиле значајни придонеси во образованието во своите заедници преку технологијата. Листата на BETT UK EdTech 10 не само што ги препознава достигнувањата, туку ги истакнува резултатите и импактот, и ги поврзува жените што прават промени во EdTech индустријата.

Во Dig-Ed сме многу горди на визијата, креативноста и посветеноста на Мaja за поттикнување на дигитални иновации во образованието. Нејзината работа продолжува да инспирира наставниците да создаваат креативни и интерактивни средини за учење, поддржани од технологијата.

Честитки, Мaja! Ова признание е одраз на твојата страст, иновации и континуирани напори за да го направиш учењето поангажирано и значајно користејќи технологија. 🌍✨

Прочитајте повеќе на: https://uk.bettshow.com/women-in-edtech#edtech-10

#EdTech10 #BettUK #WomenInEdTech #DigitalEducation #DigEd #InnovationInLearning