На 06.10.2021 со почеток во 19 часот се реализираше првиот вебинар за оваа учебна година „Придобивки и предизвици при реализацијата на онлајн наставата“. Презентер беше Игор Богдановски – наставник по математика. На вебинарот беше направена споредба помеѓу далечинското учење и учењето со физичко присуство како и беа споделени нови онлајн алатки кои наставниците може да ги користат на своите часови.
Во прилог ја прикачивме презентацијата која беше искористена на вебинарот како и снимка од самиот вебинар.