На 24.11.2021 (среда) со почеток од 19 часот ќе се реализира третиот вебинар од серијата вебинари на тема „Придобивки и предизвици при реализација на онлајн наставата“. Презентери на овој вебинар се: Биљана Стојановска ООУ “Св. Кирил и Методиј” Центар – Скопје и Билјана Лазареска ООУ “Вера Јоциќ” Гази Баба – Скопје кои работат како одделенски наставнички. Тие ќе ги презентираат нивните искуства, предизвици и придобивки од онлајн наставата при работа со најмалите ученици.
Пријава за учество на вебинарот на следниот линк.