На почетокот на имплементацијата на проектот „Користење на игри за учење на сајбер-безбедност и справување со дезинформации“ беше изработена нацрт верзијата на методологијата и планот за имплементација на проектните активности. Беа креирани и материјали за зајакнување на компетенциите на наставниците за сајбер-безбедност и справување со дезинформации како и основи на раскажување приказни како метод за учење. Прашалници кои ќе бидат споделени со наставниците и учениците, пред и по завршување на проектните активности, за да се оцени постигнувањето на целите на проектот, исто така се ставени во овој документ. Сите креирани материјали им беа презентирани и беа одобрени од претставниците од Комисијата за евалуација на проектот и го сочинуваат документот – План и методологија за реализација на активности.
Наацрт верзијата на методологијата на проектот и планот за имплементација беа презентирани и дискутирани за време на работилницата. Во прилог е поставена финална верзија како резултат на повратната информација од учесниците.