Виртуелна соба за бегство

Активното учество на учениците во учењето и во активностите на часот е императив за постигнување на образовни резултати и создавање на трајно знаење кај учениците. Ова е причината зошто наставниците постојано се обидуваат да креираат најразлични активности. Се обидуваат да имплементираат најразлични поулувачки стратегии со цел подигнување на интересот на учениците и нивната мотивација за учење. Онлајн учењето исто така претставува голем предизвик.

Собата за бегство како метод за поучување

Собата за бегство е нов метод кој полека си го пронаоѓа својот пат до училниците, баш поради вклученоста на учениците и зголемениот интерес и мотивација за да ги решат даденитер задачи. Беше тешко да се искористи овој пристап без можноста за физичко вклучување на учениците во состојба на принуден распуст. Ние користевме дигитална верзија од Собата за бегство со цел да се провери занењето на учениците од темата Алгоритми.

Активноста ја организираа Ѓорѓина Димова и Маја Виденовиќ во своите училишта. Учениците од 6 одделенија учеа за алгоритми. Идејата да се користи Соба за бегство е вистинската алатка за проверка на нивните знаења. Учениците треба да решат низа од загатки со цел да го откријат кодот. За креирање на собата се искористи платформата  Genially.

Можете да ја видите собата на следниот линк.