Превод на едукативни видеа од FuseSchool согласно наставната програма

Центарот за иновации и дигитална едукација Диг-Ед, во соработка со KAHTAPOT.MK, OXO и FuseSchool започна со превод на едукативни видеа согласно наставната програма по математика, биологија, физика и хемија. Нашиот план е да се преведат околу 100 едукативни видеа кои одговараат на наставните содржини кои треба да се совладаат во текот на месеците март, април и мај, односно во периодотт кога учениците заради корона вирусот наставата ја следат онлајн.

Целта на овие едукативни видеа е да им помогнат на наставниците при реализација на наставните содржини при онлајн наставата. За секое од видеата е наведена наставната содржина во кое истото може да се примени, како и прашања за утврдување на совладаноста на содржините од материјалот кој се изучува.

Огромна благодараност до сите соработници кои се вклучија во преводот на овие видеа: Силвана Ристевска, Александра Блажевска, Мирјана Јанкуловска, Силвана Бинова и Милена Петковска.