Кажи да за програмирање

Во рамките на Европската недела на програмирањето ДИГ-ЕД организира настани во кои може да се вклучат училишта од Македонија и регионот. Имено се реализира активност со наслот „Кажи да за програмирање“. Оваа година го поврзуваме програмирањето со секојдневниот живот.

Целта на настанот е да се запознаат учениците со физичкото програмирање со користење на микорбитот. Учениците ќе се запознаат со микробиотот, основните наредби, сензорите.

Потоа ќе се изработат – Бројачи на чекори. Од нив ќе се изработат уреди кои учениците ќе ги стават на рацете или на нозете и потоа ќе се изигра еден фудбалски натпревар од 15 минути. За тоа време  микробитовите ќе ги бројат чекорите на играчите. По завршување на натпреварите ќе се види кој играч најмногу истрчал во натпреварот согласно на улогата која ја има во тимот.

Повеќе за настанот можете да се информирате на следниот линк.

Доколку сакате да се вклучите и вие да организирате вакви настани можете да го направите со регистрирање на ваш настан и при регистрацијата да го внесете кодот cw18-ridfM Со ова се вклучуваме во акцијата Code Weeek 4 all

Со вклучување на 10 и повеќе активности или вклучување на 500 ученици со истиот код можеме да добиеме Certificate of Excellence. Овој сертификат ќе го добијат сите училишта вклучени во активноста од нашата алијанса со нашиот код.