Центарот за иновации и дигитална едукација организираше настан за време на Европската недела на програмирањето – Кодираме музика. Организацијата на настанот беше поддржана од иницијативата Meed and code како дел од акцијата: Девојките можат. Meet and code е организиран и поддржан од y SAP, Haus des Stiftens gGmbH, TechSoup Europe и Metamorphosis во Македонија.
За време на настанот ученичките од две основни училишта – Крсте Мисирков, Скопје и Страшо Пинџур – Неготино го искористија микробитот и кодирањето за да креираат музика.
Музиката како универсален јазик беше искористена за да се привлечат девојчињата во програмирањето и идната кариера како инженери. Девојчињата се запознаа со основно кодирање, циклуси и блокови за музика.