Повик за наставници за учество во проектот „Jed(a)i на новото време: MED-AI“

Центарот за иновации и дигитална едукација Диг-Ед започна со имплементација на проектот „Jed(a)i на новото време: MED-AI“, финансиран од Американската Амбасада во Скопје. Овој проект има за цел да ги интегрира вештачката интелигенција и образованието за медиумска писменост во училиштата преку воспоставување на колаборативна, интерактивна и ангажирачка средина за учење. Проектот се однесува на предизвиците поврзани со сајбер безбедност и медиумска писменост преку развивање на алгоритамското размислување кај учениците, разбирање на алгоритмите на кои се заснова вештачката интелигенција, вештините за критичко размислување и решавање проблеми, комуникација, соработка и тимска работа.

Во рамки на овој проект, објавуваме повик за наставници од основните и средните училишта кои ќе учествуваат во работилници за изработка на материјали за обука, наставни материјали и активности со фокус на вештачката интелигенција и медиумската писменост. Овие онлајн работилници ќе се реализираат во втората половина од месец декември 2024 и во месец јануари 2025 година. Учесниците потоа ќе треба да ги дисеминираат стекнатите знаења во своите училишта и да ги применат изготвените материјали во училница со своите ученици. Бидејќи дисеминацијата ќе се спроведува на училишно ниво, за поефикасна имплементација на активностите, потребно е да се пријават двајца наставници на ниво на училиште. Пријавата ја пополнувате како пар (една пријава од двајцата наставници на ниво на училиште). Рокот за пријавување е 1.12.2024 година.

Пријавата може да ја најдете на следниот линк: https://forms.office.com/e/S3AKmS57yN