Продолжување на рокот за испраќање на примери од наставни практики кои опишуваат користење на мобилни апликации во наставата

На барање на дел од нашите колеги го продолжуваме рокот за испраќање на примери од наставни практики кои опишуваат користење на мобилни апликации во наставата.

Диг-Ед во соработка со Scientix објавува повик за споделување на добри практики со користење на мобилни апликации. Целта на повикот е да се зајакне СТЕМ заедницата на национално ниво, преку споделување на практики и подобрување на квалитетот на наставата во СТЕМ областите.

Секој од вас има можност да прикаже сопствен приод при користење на мобилни апликации во СТЕМ областите и на тој начин сите заедно да ја збогатиме базата на онлајн едукативни ресурси кои потоа може да се користат во наставата.

Фокусот на описот на наставната практика треба да биде на тоа како мобилната апликација се користи за постигнување на целите на наставата и линкот до апликацијата која се користи. Притоа треба да се внимава на почитувањето на авторски права на ресурсите и правата за споделување, како и соодветна рефлексија на наставната практика. Идејата е останатите наставници да може да пристапуваат до вашите примери за добри практики и да ги искористат при реализација на своите часови. Повеќе за авторските права може да прочитате на следниот линк: https://creativecommons.org/about/cclicenses/

Описот на наставните практики треба да се изврши врз основа на формулар, притоа внимавајќи на форматирањето (согласно образецот) и истиот да не биде подолг од 2 страни. Вашите описи на активности доставете ги најдоцна до 31 октомври 2022 година 15 ноември 2022 година на следната емаил адреса: contact@dig-ed.org. Известување за резултатите од повикот ќе добијат наставниците чии практики ќе бидат избрани за објавување. Со испраќањето на вашите описи на наставни практики се согласувате истите да бидат објавени на веб сајтот на Dig-Ed, и истите да бидат искористени и/или модифицирани од други наставници.

Формуларот можете да го превземете тука:

Формулар за добри практики

Напишете коментар

Name *
Email *
Website