Реализирана дводневна работилница на тема „Формативно оценување во СТЕМ предметите при онлајн наставата“

На 10 и 11 мај се реализираше работилница во соработка со Scientix на која се разгледуваа можностите за формативно оценување во онлајн наставата. Работилницата на водеа: Маја Виденовиќ и Ѓорѓина Димова. На работилницата учествуваа 34 наставници кои предаваат СТЕМ предмети: биологија, хемија, физика, информатика, математика, природни науки, техничко образование и одделенска настава.

На првиот ден од работилницата присутните се запознаа со Scientix и можностите кои ги нуди. Потоа присутните се запознаа со тоа што е формативно оценување, стратегии за формативно оценување како и неколку онлајн алатки за формативно оценување.

На вториот ден од работилниците учесниците работеа во групи и разменија идеи за онлајн алатки кои наставниците ги користат за формативно оценување. Алатките се споделија на padlet.

Потоа учесниците поделени во групи по предмети изработија по една добра практика и истата ја презентираа. Се развиваше и дискусија околу тоа која алатка за каков вид на оценување се користи.

На крајот беше најавен повикот за добри практики за формативно оценување од онлајн наставата.

Во прилог ги поставуваме презентациите кои беа користени за време на работилницата.

презентација онлајн алатки за формативно оценување

Scientix DigEd workshop2 prv del