Како резултат на натпреварот кој започна во мај 2022 година, Центарот за иновации и дигитална едукација доби игри создадени во Scratch кои се однесуваа на сајбер- безбедноста и справување со дезинформациите. Тие игри беа оценети од комисија за евалуација на проекти (Project Evaluation Committee, PEC) која ја сочинуваа претставници од ФИНКИ (Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство), IGF – MKD (Internet Governance Forum) и ФИНКИ-CIRT- National Academic Centre for Computer Incident Response (Национален академски центар за одговор на компјутерски инциденти). Примените игри беа оценети според неколку критериуми: образовна вредност, забавни и привлечни елементи и целокупно искуство.
Сите креирани игри од учениците се споделени во менито Отворени образовни ресурси на веб-страницата на Диг-Ед, а до нив можете да пристапите на следниот линк: Отворени образовни ресурси – Центар за иновации и дигитална едукација Диг-Ед.
За авторите на најдобрите игри, Центарот за иновации и дигитална едукација подготви награди: телескоп, дрон и камера. Авторите на најдобрите игри креирани во Scratch се:
Трета награда – Мила Петковска – Пеперутката и изгубените дијаманти
Втора награда – Теодора Стојчевска, Кристијан Матевски и Калина Ацевска – Зузу, неговите пријатели и Биби
Прва награда – Бисера Дрндар, Ања Симоновска и Мила Петковска – Виртуелна игра за домашни миленици
Центарот за иновации и дигитална едукација изразува благодарност и до другите ученици кои учествуваа на овој натпревар.
Ристе Димов
Христијан Топалов, Горазд Стоимановски и Даниел Павлески
Бисера Дрндар
Бранко Стојменов и Иван Гарванлиев
Снежана Волканоска
Филип Михаилов и Милош Китановиќ
Сара Дукоска и
Петар Андов