Трибина на тема „Можеш ли да бидеш иновативен“

Dig-Ed  во соработка со СтартАп Македонија организира трибина на која ќе се разговара за целите, моментални предизвици и можности за соработка во делот на предметите поврзани со претприемништвото. Трибината се реализира во рамките на Глобалната недела на претприемништвото.
Трибината ќе ги опфати сите три образовни циклуси (основно, средно и високо образование).
На неа ќе земат збор наст. Весна Николовска, проф. Елизабета Секирарска и проф. Владимир Трајковиќ. Модератор на настанот е Ѓорѓина Димова.
Линк за следење на настанот: https://bit.ly/dig-ed-event