Јавна онлајн трибина на тема „Дигитализација и образование“

Tрибината на тема „Дигитализација и образование“ имаше за цел да покрене прашања за постоечките, како и да понуди нови предлог-решенија и модуси за дигитализација на образованието, имајќи ги предвид искуствата од изминатите месеци и плановите за претстојната нова учебна година. Претставува огромна чест тоа што Диг-Ед ја хостираше оваа онлајн трибина на која воведен говор имаше Претседателот на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски, а говорници беа:
Министерката за образование и наука, г-ѓа Мила Царовска
Проф. Д-р Владимир Трајковиќ од ФИНКИ
Проф. Д-р Никола Стиков од Политехничкиот факултет во Монтреал
г-дин Пеце Талески, извршен директор на ОХО.

Модератор на трибината беше проф. д-р Владимир Трајковиќ кој со своите прашања успеа да поттикне дискусија во однос на актуелните прашања во државата поврзани со дигитализацијата на образовниот процес.  Погледнете ја целата онлајн трибина