Центарот за иновации и дигитална едукација ДИГ-Ед оваа година беше партнер заедно со многу други организации и проекти за Stem Discovery Week и ги поддржа активностите кои го промовираат СТЕМ образованието и СТЕМ кариерата. Ние организиравме кампања помеѓу основните училишта под мотото: „Само кажи да – и ти можеп да бидеш инженер“. Во кампањата зедоа учество 4 основни училишта: „Страшо Пинџур“ – Неготино, 2Крсте Мисирков“ – Скопје, „Панајот Гиновски“ – Скопје и „Кирил и Методиј“ – с. Стајковци. Одговорни наставници од училиштата: Маја Виденовиж, Ѓорѓина Димова и Благородна Сотиров.
The program of the event:
26.04.2018 Посета на ФИНКИ и Експлорариумот
Најпрво присутните ги поздрави Иван Чорбев – Деканот на факултетот.
Работилница со роботи и дронови
Учениците се запознаа со роботиката и роботите. Изработија едноставни програми со кои роботот може да извршува задачи како на пример да зборува, да оди или да игра. Потоа учениците видоа како работат дроновите и како може да се користи камерата на дронот.
Дискусија – Само кажи да, и ти можеш да бидеш инженер
Истакнати професоналци – програмери, универзитетски професори, студенти (мажи и жени) разговараа со учениците на тема: професија инженер. Како е да се биде инженер, какво образование треба да имаш за да бидеш инженер, кој може да биде инженер, како изгледа еден работен ден на инженерот … .
Учесници во дискусијата беа:
Христина Петрушевска – Co-Founder and CEO of Digital Orange
Дарко Тодоровски – software developer
Петар Грчевски – Backend developer, game developer, machine learning, serverless computing
Владислав Бидиков – систем администратор на ФИНКИ
м-р Костадин Мишев – асистент
д-р Петар Ламески – професор
МАртина Бошкова – студент
Стефан Андонов – студент и помошник во изведување на настава на ФИНКИ
Јован Давчев – студент и помошник во изведување на настава на ФИНКИ
Посета на првиот детски научен клуб Експлорариум
Учениците присуствуваа на многу интересни хемискин експерименти заедно со професор по хемија.
Настанот беше дел од преносите во живо на Scientix: