Овој месец ДИГ-ЕД подготвува два вебинари во рамки на Stem Discovery Campaign. Наши наставници ќе ги споделат активностите кои ги реализирале со своите ученици со цел промовирање на СТЕМ предметите и СТЕМ кариерите.
На првиот вебинар предавач ќе биде Силвана Бинова, наст. по математика.
Вебинарот ќе се реализира на 18.05.2022 со почеток во 19 часот. Пријава за вебинарот на следниот линк. После пријавувањето автоматски добивате линк за вклучување на вебинарот.