Заврши Неделата на информатиката 2024

Заврши и оваа недела во која ја промовиравме информатиката, кодирањето, критичкото размислување и решавање на проблеми. Им благодариме на сите посветени наставници кои се вклучија во оваа акција.

Ако ја разгледаме Неделата на информатиката 2024 во броеви оваа година имавме најмасовно учество на училиштата,

Имено во активностите директно учествуваа околу 75 училишта од Македонија, со над 90 наставници и специјални едукатори, 30 родители и 3427 ученици. На нашиот веб сајт се објавија 80 написи за реализирани активности во училиштата.

Во своите активности училиштата вклучија дел од нашите понудени активности од следниот линк, но и активности кои се поставени на нашиот веб сајт од претходните години до кои може да се пристапи тука.

За да погледнете кои училишта работеа активно погледнете го падлетот.

https://padlet.com/zim_negotino/2024-vt48519oeh55

Доколку сакате да прочитате кои се активности се реализираа низ училиштата во Македонија погледнете на нашиот сајт на следниот линк.