Центарот за иновации и дигитална едукација Диг-Ед започна со имплементација на проектот „Користење на игри за учење за сајбер-безбедност и справување со дезинформации“, финансиран од Амбасадата на САД во Северна Македонија.
Диг-Ед ќе го имплеметира овој проект со цел да го продлабочи знаењето на учениците за сајбер-безбедност и справување со дезинформации. Преку користење на соученичко учење и учење преку игра, проектот има за цел да ги развие вештините за критичко размислување и дигиталните компетенции кај учениците.
Идејата на проектот е да се воспостави заедница за учење каде што учениците ќе бидат отворени за дискусија, споделување на мислења и изведување на заклучоци базирани на факти. Исто така ќе учат за сајбер-безбедност и како да се однесуваат онлајн на еден интересен начин преку соученичко учење и развивање на игри и едукативни видеа.
На крајот на проектот, база со едукативни материјали и ресурси ќе биде креирана од наставниците и учениците во проектот. Сите материјали ќе бидат споделени со лиценца за слободно користењње онлајн, со што ќе можат да се користат и од останатите наставници и ученици во државата.
Имплементацијата на проектот и неговиот квалитет ќе бидат евалуирани од претставници на Диг-Ед, Форумот за управување со интернетот на Северна Македонија и Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти.