Во проекот „Медиумска пименост за сите“ двајца специјални едукатори и рехабилитатори од ОУРЦ „Маца Овчарова“, Велес, кои беа учесници на TechCamp во Охрид, 2023 и се стекнаа со знаење од областа на медиумска писменост, ќе реализираат адаптирани работилници од областа на медиумската писменост за наставен кадар. Работилниците се наменети за одделенски наставници и наставници по наставниот предмет информатика кои имаат инклузирано ученици со попреченост во својата паралелка, односно вкупно 8 – 10 од секое од четирите основни училишта од Велес, како и 3 специјални едукатори и рехабилитатори од истите училишта. Ќе се создаде база на ресурси и алатки применливи за инклузирани ученици со попреченост во наставата од областа на медиумската писменост, а истите ќе бидат достапни на креирана веб страна: „Медумска писменост за сите“. Специјалните едукатори – ментори во тек од 6 месеци ќе ги менторираат наставниците кои ќе изработуваат ресурси за ученици со попреченост, ќе ги обработуваат игрите и ресурсите доставени до нив, по што ќе се поставуваат на веб страната.
Со имплементација на овој проект ќе се подобрат компетенциите на наставниците за успешно воведување на медиумската писменост во наставата, а со тоа ќе се подобри квалитетот на образованието кај инклузираните ученици. Ова вклучува разбирање на медиумските техники и стратегии, значењето на игрите, како и развој на критичко мислење во однос на медиумите и медиумската писменост. Проектот ќе ја направи наставата по поинтерактивна и забавна, а сето тоа да влијае позитивно на мотивацијата и учењето на инклузираните ученици, како и нивните соученици.
Во суштина, овој проект има за цел да ги подобри медиумската писменост и вештини кај учениците и да го подобри квалитетот на образованието во основните училишта, првенствено во општина Велес, а подоцна преку ресурсите на веб страната, и за останатите училишта во нашата држава.