Започнување со имплементација на проект „TechCamp за справување со мисинформации и дезинформации“

Центарот за иновации и дигитална едукација Диг-Ед започнува со имплементација на проектот „TechCamp за справување со мисинформации и дезинформации“, кој го спроведува заедно со Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија и тимот на TechCamp на Стејт Департментот на САД од Вашингтон, а е финансиран од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија.

Центарот за иновации и дигитална едукација ќе го имплементира овој проект со цел да ја зголеми медиумската писменост на наставниците, дигиталната писменост и вештините за критичко размислување и да развие отворени образовни ресурси кои понатаму ќе може да се користат во училница на локално ниво. Четириесет наставници ќе учествуваат на TechCamp за борба против мисинформации и дезинформации што ќе се одржи во Охрид, во август 2023 година. TechCamp-от ќе обезбеди комбинирано знаење за медиумска писменост, сајбер-безбедност и насоки за создавање на отворени образовни ресурси. Наставниците ќе работат со меѓународни и локални експерти на тема за медиумска писменост и сајбер-безбедност. За време на TechCamp-от ќе се развијат отворени образовни ресурси. По завршување на TechCamp-от, наставниците ќе добијат поддршка при користење на развиените образовни ресурси во нивните часови. Ќе се реализира национален натпревар на истата тема. На завршната конференција ќе се споделат добри практики на имплементација на развиените образовни ресурси и ќе се прогласи победникот на националниот натпревар.